Грушко: Русија во целост ја прекина соработката со НАТО

578
0
SHARE

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко денеска изјави дека Русија и НАТО во целост ја прекинаа цивилната и воената соработка. Тој додаде дека Алијансата отишла премногу далеку во ескалацијата на судирот со Русија.

НАТО сам одби конструктивен разговор со Русија. Тој не постои. Засега нема сигнал дека НАТО гледа излез од овој ќор-сокак, посочи Грушко.

Тој наведе дека е парадоксално што денес односот помеѓу Русија и НАТО најмногу потсетува на времето во кое е формирана Северноатлантската алијанса, во пресрет на Студената војна.

Тој посочи дека вкупните воени расходи на земјите членки на НАТО за минатата година надминаа еден билион долари, што е за 22 пати повеќе од руските трошоци за одбрана.

Москва нема намера да учествува во трката за зголемување на воениот буџет со НАТО, истакна рускиот заменик министер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here