Гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот,

238
0
SHARE

„Во изминативе години се забележува побрз раст на секторот финтек во Централна и Југоисточна Европа, иако тој значително заостанува зад оној во развиените економии. Финансиските иновации поттикнати од финтек-компаниите во основа водат до подобри и поконкурентни финансиски услуги, а истовремено поттикнуваат поголема конкуренција и иновирање кај традиционалните финансиски институции – банките“ – истакна гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот, којашто се одржа вчера во Савудрија, Хрватска.

Во центарот на вниманието на овој значаен настан, организиран од едно од најугледните и највлијателни деловни списанија на хрватскиот пазар, бизнис-неделникот „Лидер“, годинава беа предизвиците коишто ги носат технолошките иновации на полето на финансиските услуги – финтек. Се засегнаа прашањата околу тоа како централните банки ги следат случувањата и трендовите во сферата на финтек и на што посветуваат најмногу внимание, може ли финтек да влијае врз монетарната политика и врз остварувањето на централнобанкарските цели, дали и какво влијание може да има врз финансиската стабилност во иднина. Ова се само дел од прашањата за кои покрај гувернерката Ангеловска-Бежоска, вчера дискутираа и гувернерите на централните банки на Словенија, Хрватска и Црна Гора, како и вицегувернерката на централната банка на Босна и Херцеговина. Свое излагање на средбата имаше и поранешната гувернерка на Централната банка на Израел, д-р Карнит Флуг.

Извор Фактор

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here