Популарниот пеач од Босна и Херцеговина Халид Бешлиќ, направи реконструктивна операција на носот. Пренесува Дневни Аваз
65-годишниот пеач опериран е во една германска болница, а операцијата ја изведувал еден од водечките светски пластични хирурзи професор Миломир Нинковиќ.
“Се подвргнав на реконструктивна операција на носот. Со тек на време имав проблеми со дишењето, а малку сакав и естетски да се средам. Се договорив со професорот Нинковиќ тоа да го направам во Минхен.
Лошо дишев и тоа почна да ми пречи, затоа се решив на таков захват”.
Халид моментално е на домашна нега и му следува подолго опоравување .