Хаос на македонските автопати: Камион удри во остатоци од стара патарина

1208
0
SHARE
Фото: Зид на сообраќајниот срам

Поставете соодветна сигнализација кога оставате бетонски остатоци како чиреви од стара патарина. Дури и најискусните (возачи на камиони) прават грешки бидејќи е вечерно време и нема соодветни знаци. Возачот на брза помош кажа дека е 5ти или 6ти случај откако е преселена патарината. Да не биде предоцна, бидејќи никој од нас нема да одговара.

Сликата е страшна, но возачот е пренесен во Велес со расекотина на глава на снимање – стои во објавата на фејсбук на страницата Зид на сообраќајниот срам.

На фотографијата се гледа искршен камион, кој се забил во остатоците од старата патарина кај Градско, откако се поставени нови наплатни пунктови на само неколку метри растојание.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here