Харадинај: Има сомневања дека Рама, Тачи и Вучиќ договарале поделба на Косово

307
0
SHARE

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека постојат основани сомневања дека албанскиот премиер Еди Рама и претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, правеле планови за поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на трибината на Демократската иницијатива на Косово (КДИ) на тема „Дијалогот Косово-Србија по Берлинскиот самит“, рече дека е многу веројатно оти разговорите на таа тема меѓу Рама, Тачи и Вучиќ ги водела шефицата на дипломатијата на Европската Унија (ЕУ), Федерика Могерини.

– Тие треба да им побараат извинување на своите народи и на даночните обврзници на ЕУ затоа што потрошија цела година на таа идеја. Оваа работа можеше да заврши многу лошо, порача косовскиот премиер.

Според Харадинај, тие што се залагаат за промени на границите сакаат да предизвикаат војна, меѓутоа на самитот на лидерите на Западен Балкан, што на 29 април се одржа во Берлин, темата на корекции на границите беше затворена.

– Секој што тврди дека со корекција на границите се постигнува мир, има за цел да предизвика војна. Тие сакаат да создадат нестабилност и добро е што оваа тема се затвори во Берлин, наведе косовскиот премиер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here