Хојт Ји дематираше дека ќе биде идниот Амбасадор на САД во Македонија

424
0
SHARE

По најавата на Ал Џезира Балканс и медиумите дека Хојт Ји ќе биде идниот амбасадор на САД во Репеублика Македонија , ние од наши извори дознавме и објавивме дека овие тврдења се невистинити, па така и самиот тој ја демантираше оваа вест .

Хојт Ји во ексклузивното интервју за телевизијата N1 ги демантира наводите кои се појавија во некои медиуми дека ќе биде новиот амбасадор на САД во Македонија, а тој додава и дека е задоволен од својата работа во моментов.

-Многу сум горд што сум заменик помошник државен секретар на САД и задоволен сум од својата работа. Драго ми е што можам да речам дека се уште ќе бидам тука, потенцира во интервјуто за телевизијата Ји.

Тој додава дека американските интереси во регионот се насочени кон помагање на земјите од регионот да се приближат до нивните цели, а тоа се просперитетот, демократијата, стабилноста и иднината.

Инаку за телевизијата N1 Хојт Ји даде целосно интервју во кое зборува освен за Босна и за состојбите на Балканот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here