ХОРОСКОП ЗА ПОНЕДЕЛНИК (16.02.2020)

433
0
SHARE

Овен

Загрижени сте за финансиите и ве оптеретуваат црни мисли. Пред вас е неповолен период. Време е да донесете одлука по прашањато за иднината на врската со саканата личност.

Бик

Препорака е максимално да се посветите на себе денес. Доколку сакате да ја прекинете врската, ве очекува период во кој нема да имате можност за нешто такво.

Близнаци

Ќе ви биде потребно многу сила за да успеете да ги решите проблемите кои ви се појавија. Неодлучни сте и сега кога треба да избере една од двете личности, едноставно не знаете за која да се одлучите.

Рак

Ќе бидете ефикасни и вредни. Посветени сте на завршувањето на вашите цели. Доколку сте слободни, ве очекува период во кој ќе имате можност за ново познанство и почеток на врска.

Лав

Заедно со пријателите ќе изнајдете решенија како да се дружите повеќе. Преку нив ќе успеете да остварите познанство со личност која многу ве привлекува.

Девица

Може да очекувате дека ќе прекинете некое пријателство од кое сте незадоволни и кое ве прави несреќни. Го преболевте партнерот со кој во минатото имавте многу тешка емотивна врска.

Вага

Може да очекувате дека ќе успеете во реализирањето на сите планови. Пред вас е многу добар ден. Низ интересна комуникација со некој кој ви се додворува, ќе дојдете до одлука да дадете шанса за врска.

Шкорпија

Може да се надевате дека ќе успеете да ги остварите своите планови без поголеми препреки и проблеми. Ги решивте дилемите кога е во прашање љубовта. Имате многу доверба во личноста со која сте во врска.

Стрелец

Пред вас е можност да дознаете нешто ново. Едукацијата сега кога сте дома многу ќе ви значи. Односот со саканата личност би можел да стане прилично променлив кај вас. Не сте сигурни каде води тоа.

Јарец

Ги решивте голем број од проблемите. Не би требало да очекувате компликации. Пред вас е поволен ден. Со саканата личност имате сосема солидна комуникација.

Водолија

Можно е сериозно да размислувате за промени. Наскоро ќе ви се појави и можност за тоа. Доколку сте слободни, на емотивното поле ќе имате интересни познанства и можност за флерт и кратки врски.

Риби

Дојде моментот кога ќе треба да донесете важна одлука. Бидете фокусирани на својата цел. Ќе ја освоите личноста сокоја флертувате веќе некое време. Почетокот на нова врска е пред вас.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here