Состојката холин која припаѓа на групата B витамини помага при заштита на мозокот од ефектите на стареењето. Научниците од Универзитетот во Бостон по истражувањето заклучиле дека луѓето чија исхрана е богата со холин бележи подобри резултати на тестовите за помнење и имаат помали шанси за промени на мозокот поврзани со деменција.
Таа се наоѓа во пилешкото месо, јајцата, морската риба и мешунките.
Ова истражување додатно ги потврди претпоставките на научниците дека исхраната влијае на брзината на стареење на мозокот, но ниеден продукт не е магичен лек кој целосно ја отстранува деменцијата, вели докторка Рхода Ау и додава дека најважно е да се јаде здраво и урамнотежено.
Претходните истражувања покажаа дека медитеранскиот начин на исхрана, кој вклучува риба, зеленчук и маслиново масло е делува многу благотворно на здравјето.
Според зборовите на експертите, во организмот дневно треба да внесат 550 милиграми холин, а жените 425.