Христијан Мицкоски: Која тајна служба го следела Стево Пендаровски?

311
0
SHARE

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, се наведува во партиското соопштение.

Тој побара одговор од страна на министерот за внатрешни работи и вицепремиер во владата на СДСМ Оливер Спасовски да каже која тајна служба го следела Стево Пендаровски и со која политичка партија истата соработувала, се со цел Стево Пендаровски да не се чувствува небезбеден.

Го слушаме вчера на емисија се пењави, се препелка човекот не е во негова кожа, вели ме следеле странски служби, блиски до најголемата опозициска партија. Човекот се чувствувал небезбеден. Еве овде од Велес да го прашам Оливер Спасовски, вицепремиерот и несуден кандидат за претседател поддржан од СДСМ, не знае човек дали тоа е добра или лоша карактеристика во овој момент.

Еве нека одговори да видиме дали тој е безбеден или не е безбеден. Ако е безбеден да го демантира, а ако е небезбеден да каже кој тоа Стево Пендаровски го следи, која е таа тајна служба и со која опозициона партија таа тајна служба е блиска, кажа Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here