Huawei стана најпродаван бренд за мобилни уреди во светот

69
0
SHARE

Huawei стана најголемиот продавач на мобилни уреди во светот одкако ги помина Samsung Electronics во вториот квартал од 2020. Huawei дистрибуираше 55.8 милиони уреди во споредба со 53.7 милиони на Samsung според резултатите од истражувањето на Canalys.

Прекуокеанските пратки паднаа за 27% во вториот квартал од минатата година, но компанијата ја зголеми доминацијата на Кинескиот пазар, кој што брзо закрепна од Корона вирусот и каде сега продава повеќе од 70% од своите уреди.

Huawei беше под постојан напад од страна на Обединетото кралство и САД во однос на безбедноста и приватноста на нивните уреди. Кинеската фирма е лидер во развојот на 5G технологијата, и токму ова е главната причина што е мета санкции од САД.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here