Идентификувано телото најдено во Тетовско, крај локалниот пат Стримница-Желино

446
0
SHARE

Полицијата го откри идентитетот на безживотно тело на машко лице пронајдено во Тетовско, покрај локалниот пат Стримница-Желино како Б.И. (30) од скопското село Љуботен, општина Бутел, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Од полицијата утврдиле дека Б.И. бил пријавен како исчезнат од страна на неговиот брат на 14 ноември откако претходниот ден излегол од дома и не се вратил.

Полицијата сега истражува како починатиот се нашол на местото каде е пронајден а истрагата работи и на утврдување на причините за смртта, рече Јосифовски.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here