“IFIMES”: Албанскиот премиер Еди Рама, според неговото политичко делување, потсетува на „албански Милошевиќ“

263
0
SHARE

Албанскиот премиер Еди Рама, судејќи според неговото политичко делување, се повеќе потсетува на „албански Милошевиќ“, стои во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии “IFIMES” во Љубљана, Словенија.

Од институтот предупредуваат дека актуелната ситуација во Албанија е премногу загрижувачка затоа што веќе сега има индикации за избивање на граѓанска војна во земјата.

Во најновата анализа на институтот до Љубљана за актуелната ситуација во регионот на Западен Балкан, аналитичарите сметаат дека голема е веројатноста во Албанија да избие вооружен конфликт.

Патот кон стабилизацијата на ситуацијата се гледа само во формирање на транзициска влада која ќе подготви терен за фер и слободни избори, затоа што во спротивно, Рама ќе ја доведе Албанија до граѓанска војна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here