ИГОР ЈАНЕВ: Турција и Унгарија нема да го потпишат протоколот за членство во НАТО!

1291
0
SHARE

Игор Јанев е еден од ретките Македонци што стигнал да биде член на Академскиот совет за системот на ОН и можеби единствениот експерт што од првиот ден ја брани тезата дека Македонија мора да го одбрани името во Генералното собрание на ОН, а не со медијатори, по судови или преку Советот за безбедност. Порано и како вработен во македонското Министерство за надворешни работи, со специјални задачи поврзани само со проблемот за името, Јанев до крај остануваше доследен на предлогот дека Македонија мора да побара резолуција во Генералното собрание на ОН. Јанев сега на Твитер посочува дека Турција и Унгарија нема да ја потпише драфт верзијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО.

“Турција и Унгарија нема да ја потпишат драфт верзијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО! Така што Договорот од Преспа се уште е мртов, заедно и со амандманите на Уставот на Македонија. Ги потикнувам и Турција и Унгарија да не го потпишуваат протоколот. Договорот од Преспа е нелегален”, пишува Игор Јанев на Твитер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here