Игуменот на Бигорскиот манастир му го врачи орденот „Претеча“ на Рефик Пајкоски

323
0
SHARE

Игуменот Архимандрит Партениј го додели орденот „Претеча“ на господинот Рефик Пајкоски, доскорешен командир на полициското одделение во село Ростуше. Највисокото признание на Свештената Бигорска Обител се доделува на истакнати личности, кои со својот живот и дела го дале својот придонес во обновата на манастирот и значително ја помогнале мисијата и работата на братството.

Тој му е доделен на г-дин Пајкоски по повод неговото пензионирање од МВР, а како знак на благодарност и уважување поради долгогодишната одлична соработка и неговата лична посветеност на негувањето на соживотот и добрите односи во благословениот рекански крај.

Рефик Пајкоски, кој е на должноста командир на п.о. Ростуше од 1987 година, уште од доаѓањето на нашиот Старец во Бигорскиот манастир, во 1995 година, воспоставува одлични пријателски односи со братството на манастирот и секогаш најљубезно и професионално одговарал на секоја особена потреба и молба од страна на монаштвото.

Архимандрит Партениј и братството на Бигорската обител му посакуваат да доживее длабока старост и многу мирни денови, исполнети со здравје и среќа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here