Индиго политика во општина Карпош

687
0
SHARE

Новиот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев, вчера подаруваше цвеќе на осамените лица. За воља на вистината, на овој настан немаше ниту шарм, ниту топлина, што и се гледа на сликите од овој настан. За разлика од него, неговиот претходник, Јакимовски ова го правеше од срце и правеше осамените лица во општината барем на овој ден да се чуствуваат посебно.

Дека Богоев во се го копира или барем се обидува, говори и фактот што за денот на општината ги направи истите манифестации кои ги правеше неговиот претходник. За потврда на ова е и денешниот камен темелник на дел од градинката Мајски цвет во Тафталиџе.

Инфоњуз ги провери податоците наведени во системот за јавни набавки околу овој проект и го констатиравме следното:

  • Работата на градинката ќе ја изведува Инжинеринг груп дооел С. Желино, договорот е склучен на 22.09.2017, а вредноста е 10.567.071 денари.

За да се објави ваков инвестиционен тендер најпрво треба да се објави тендер за изработка на проект на градинката, тој да се изработи и да се ревидира, па потоа се прави јавна набавка за негова изведба.

Очигледно е дека идеата, проектот, ревизијата, објавуванјето на тендерот и склучувањето на договорот е завршено во времето на градоначалникот Јакимовски, кој на оваа функција беше до крајот на октомври минатата година, а договорот е склучен на 22.09.2017 година.

Ова зборува дека Стефан Богоев е без идеи.

Ништо од ветените проекти, ништо од нови паркови покрај реката Вардар, ништо од чистиот воздух, а вчера успеа да направи сеча на 30 дрва на Партизанска.Ова го правеше и Јакимовски, но тогаш Богоев и неговите НГО пријатели лично го обвинуваа тогашниот градоначалник на Карпош.

Граѓаните бараат исполнување на неговите проекти што ги ветувал во изборите, а не да се кити со туѓи перја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here