Интересни факти за праската

378
0
SHARE

Мало, слатко, сочно овошје кое во летниот период нè освежува и нè враќа во живот. Потекнува од Кина, од каде и датираат првите податоци за праската – 1000 год пне, каде што дрвото на праската се смета за дрво на животот, а самата овошка е симбол на бесмртноста и единството.

Токму затоа праската била и омилена овошка на кинеските императори. Подоцна патувајќи преку Персија го добила своето име Prunus persica. Токму во Персија, праската била откриена од Александар Велики, кој преку своите походи ги донел праските во Европа. Оттука продолжува патувањето на праската низ Европа, за на крај да биде однесена во англиските колонии во Америка.

Историските факти за праската се секако забавни. Меѓутоа, дојдовме до некои помалку познати, а попривлечни факти.

Праската порано била позната како Персиско јаболко.
Изреката “Слатка си како праска/Сладок си како праска” потекнува од кинеската традиција да се понудуваат со сок од праска личности кон кои некој чувствувал љубов.
Денес постојат повеќе од 700 видови на праска. Некои од нив, одгледувани во Кина се дури и рамни и сплеснати како пак за хокеј.
Од 1982 во САД, август се слави како месец на праската.
Во САД праската денес е трето најпопуларно овошје, и дури 25% од светското производство на праска доаѓа од САД
Праската се конзумира и како афродизијак.

Освен што има богата историја, како овошје праската е богата и со витамини и хранливи материи кои спречуваат многу заболувања на организмот. Но, за нив друг пат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here