Интерпол со црвена потерница бара Албанка од Македонија која е сведок во киднапирањето на малата Медлин

365
0
SHARE

Интерпол ја бара поранешната девојка на главниот осомничен во склучајот Медлин Мекен, девојчето кое имаше 3 години кога во 2007 година е грабнато од португалското летувалиште Праја да Луш, во регионот Алгарве, а еден Хрват од Брауншвајг добро се сеќава на неа. Вели дека таа е Албанка од Македонија.

Како што пренесува порталот 24sata.hr, повикувајќи се на тврдењето на Хрватот, „девојката која ја бара цел свет не е од Косово, туку од Македонија“.

Го познавав тоа семејство, зошто братот на девојката која ја бараат работеше со мој пријател, а неа ја гледав кога поминуваше пред мојот ресторан – вели Хрватот од германскиот град Брауншвајг чиј ресторан е оддалечен на само десетина метри од киоскот во кој со години работел Кристијан Брикнер (43), главниот осомничен во случајот. Првпат медиумите ја објавија фотографијата на Накције Мифтари, која како тинејџерка била девојка на Брикнер.

Германските власти издадоа црвена потерница на Интерпол за нејзино апсење. Откако се раздвоиле, Мифтари го пријавила во полиција поради насилство. Според зборовите на сведоци, таа тогаш имала 17 години. Полицијата верува дека поранешната девојка на Кристијан Брикнер Накције Мифтари, која била брутално тепана од него, би можела да изнесе клучни докази за исчезнувањето на малечката Медлин, пишува Дејли Мејл.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here