Исчезна градоначалникот на Скопје!

541
0
SHARE

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов го нема речиси три дена од неговото последно појавување во медиумите и јавноста. За последен пат тој даде изјава за медиумите на 4ти Мај во која ги дематираше обвинувањата дека во скопската депонија Дрисла се носи одпад од цела западна Македонија, без притоа ова да го поткрепи со факти и докази. Тој остана имун и на блокадата на локалното населние околу самата депонија Дрисла кое веќе четири дена последователно излегуваат на протест и го блокираат патот.

Штета што сега откако конечно имаме целосна слобода во медиумите, едвај една телевизија најде време да ги сослуша овие граѓани и да емитува прилог за овој проблем, додека сите останати мочат и го држат во мрак овој сериозен проблем кој на Скопје му прети со еколошка катаклизма.

Да не бидеме толку негативни и критички насторени ќе го тргнеме на страна и обилниот дожд кој го зафати Скопје викендов поточно, во неделата. Редно време е да се одвикнеме од тие слики кога претходникот на Шилегов, господинот Трајановски рамо до рамо со кризните и интервентни служби, облечен во гумени чизми и кабаница влечеше црева и одводни пумпи и се справуваше со проблемите, а ако не го правеше тоа, бар на лице место гледаше каде Скопје потфрла и кои се причините за настанатите штети на лице место. Немојте сега и вие да бидете забегани, па тоа беше режим, сега сме на “висктинскиот пат” и по теркот на европските метрополи ќе тераме во стилот “Село гори, баба се чешла”.

Истиот ден се одржа 14иот Скопски Маратон. Четиринаесет годишна традиција и настан која секоја година е се по масовна и по масовна. Оваа е најголемета Македонска спортско-рекреирачка манифестација, преку десет илјади учесници за прв пат на улиците на Скопје! Да, да, ама за прв пат и таткото на градот не беше присутен на најголемиот спортски настан на улиците на градот со кој што тој раководи.

Покрај овој мега настан, малку потака се одржуваше уште еден настан со симпатичен повод и благородна кауза. Станува збор за возното дефиле на DFCCA “drive for colon cancer awareness”. Имено ова е меѓународна фондација-организација, која организира возни дефилиња на луксузни и ретки автомобили на секаде во светот и во сите светски метрополи и притоа учесниците и гостите имаат шанса да донираат парични средства за потикнување на свеста за борбата против ракот на дебелото црево. Дечките се толку транспарентни што сите донации се прават и реализираат електронски со пост терминали на лице место или жирално во банка. На овој начин се избегнува манипулацијата со сумата која евентуално би била собрана, бидејќи сите трансакции и донации на крајот се слеваат на една сметка и точно се знае вкупната сума која е собрана.

За оние кои не беа информирани за овој настан, истиот ќе се реализира и наредната година, во продолжение е видео од нивниот прекрасен настан, а ние ви препорачуваме да ја заследите нивната фан страна.

…after Party video…DFCCA

Posted by Drive For Colon Cancer Awareness on Monday, May 7, 2018

Што се односеува до нашиот градоначалник на главниот ни град, господинот Петре Шилегов, повеќе од јасно ни е дека не е по трчањето и маратоните, но знаеме дека е по бесните и скапи автомобили, но ете и на овој настан него го немаше, што и не донесе до заклучок дека е исчезнат.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here