Искршени врати, превретен инвентар, украдени инекции, шприцеви и игли, рецепти и печати од докторите, клучеви од шкафови – вакво добро утро имале докторките и медицинските сестри во амбулантата Црниче на ул.Антон Попов во скопска Кисела Вода, објави Канал 5.
Докторка Мира Атанасова вели дека имаат голема штета.
Овој објект е честа мета на кражби, ординациите на приземјето сите до една се демолирани, а на првиот кат се спасиле, бидејќи од многуте кражби ставиле заштитна железна врата.
Во оваа зграда докторите работат под концесија и бараат да бидат заштитени, бидејќи штетите од кражбите се многу високи.