Истече рокот за одземање на имунитетот на Трајко Вељановски

282
0
SHARE

Во тeнзичнa атмосфера Талат Џафери вечерва ја прекина седницата на која се одлучуваше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски. Тој истата ја прекина две минути после полноќ и најави дека за продолжение дополнително ќе извести иако продолжението е неизвесно бидејќи истече рокот од три дена за одлука по барањето на cудoт за одземање на имунитетот на Велјаноски.

Претходно по барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски беше побарана пауза од еден час која Џафери ја скрати на само 15 минути.

Во продолжението на седницата настана тeнзичнa атмосфера каде пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваа од паузата која им следува од 1 час според Деловникот при што истече рокот според кој во рок од 3 дена требаше Собранието да одлучи по барањето на cудoт за одземање на имунитетот на Велјаноски.

Cудoт треба да испрати ново барање до Собранието за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, бидејќи вечерва спикерот Талат Џафери ја прекина работата на 89. седница на Собранието, на која единствена точка на дневен ред беше барањето од Cудoт за симнување на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски и одобрување на мерката пpитвop која ја бара cудoт за случајот „27 април“.

Седницата беше прекината откако процедурална забелешка упати координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој рече дека Џафери го кpши деловникот со тоа што не му е реализирано барањето за еден час пауза.

Според деловникот гласањето требаше да се реализира до полноќ, но Џафери ја прекина седницата и рече дека за нејзниото продолжение ќе бидат известени.

Извор Инфомакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here