Италија ја повика Европа да се спасат од “либералната француско-германска оска”

481
0
SHARE

Шефот на Министерството за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, им предложи на европските држави да ги здружат силите во борбата со “Либералната француско-германска оска”.

Американското издание на “Epoch Times” објави во известувањето за неговата работна посета на Полска.

Матео Салвини смета дека главната улога во Европа треба да ја играат Италија и Полска. Како што пишуваат во известувањето на Епох тајмс, за време на неговата посета го претставил планот на дејствување за намалување на влијанието на Германија и Франција.

Шефот на Министерството за внатрешни работи на Италија, исто така, посочи дека во “спасувањето на Европа” од притисокот на Париз и Берлин ќе учествуваат и други европски земји како Данска и Шпанија.

“Ќе бидам многу среќен, ако сите кои сакаат да ја спасат Европа се приклучат” – рече шефот на Министерството за внатрешни работи на Италија Матео Салвини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here