Италија од 4 мај ги намалува рестриктивните мерки

64
0
SHARE

Италијанскиот поремиер Џузепе Конте синоќа изјави дека од 4 мај повторно ќе бидат отворени парковите во Италија и луѓето ќе можат да ги посетуваат своите роднини кои живеат во ист регион.

Тој наведе дека градоначалниците ќе можат да воведат ограничувања, колку луѓе ќе можат да влезат во паркот, со цел да се избегнат гужви. А, при посета на роднините ќе мора да се носат заштитини маски , а прославите и понатаму ќе бидат забранети.

Доколку луѓето не се придржуваат до мерките, кривата на заразата може повторно да порасне, да излезе од контрола, бројот на починати ќе порасне, а штетата по економијата ќе биде непоправлива, наведе Конте.

На 18 мај ќе бидат отворени библиотеките, музеите и уметничките изложби.

Фабриките и градилиштата ќе можат да работат што ги воведат мерките за безбедност за сузбивање на новиот коронавирус. Додека продавницте ќе бидат отворени на 18 мај, а рестораните, кафулињата и фризерските салони на 1 јуни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here