Италија стави вето на одлуката ЕУ да го признае Гваидо за претседател на Венецуела

275
0
SHARE

Италија со вето го блокирала соопштението на ЕУ дека го признава Хуан Гуаидо како привремен лидер на Венецуела ако претседателот Николас Мадуро одбие да распише предвремени избори, потврдил за Спутник дипломатски извор од Брисел.

„Италија на неформалниот состанок на шефовите на дипломатија на државите членки на ЕУ, кој се одржа од 31 Јануари до 1 Февруари во Букурешт, ставила вето на соопштението кое требало да го прочита шефицата за Европска дипломатија Федерика Могерини и во кое се говорело дека ЕУ ќе го признае Гваидо ако не бидат организирани нови претседателски избори во Венецуела”, соопштил соработник на агенцијата

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here