Итна седница на словенечкиот Совет за национална безбедност поради аферата прислушување

332
0
SHARE

Словенечкиот премиер Марјан Шарец за денеска попладне свика итна седница на словенечкиот Совет за национална безбедност поради наводно дејствување на хрватската Безбедносно разузнавачката агенција во Словенија.

Словенечките медиуми пред една недела објавија дека Давор Франиќ, секретар и шеф на кабинетот на директорот на СОА, Даниел Маркиќ, стои зад прислушувањето на словенечкиот претставник во Арбитражниот суд, Јернер Секолец и словенечката претставничка пред судот од Министерството за надворешни работи, Симон Дреник, што се случи во 2015 година.

Франиќ е одговорен за низа скандали и закани што ги вршел според упатства на хрватското раководство, а познат е и како „механичарот Давор“ од аферата „Шпиони“, во врска со префрлување оружје во Босна и Херцеговина.

Словенечките медиуми наведуваат дека зад илегалното прислушување континуирано стои СОА и дека Франиќ, како и во аферата во БиХ, раководел со операцијата.

ПОП-ТВ, пак, вчера објави дека посредникот на хрватската Влада, Иван Тољ се обидел да го спречи емитувањето на репортажата за прислужувањето.

Поради тоа, партијата Социјални демократи (СД), една од членките на владејачката коалиција, побара итна седница на словенечкиот Совет за национална безбедност, чие барање Шарец го прифати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here