Иванчо Тошевски: БУМЕРАНГОТ НА ВЕСЕЛАТА МАТЕМАТИКА НА БИТОЛСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА

819
0
SHARE

„Оние коишто решиле да се занимаваат со политика треба да бидат многу повнимателни во своите изјави затоа што вакви несериозни настапи ги поставуваат под знак прашалник и сите нивни натамошни делувања како политичари„ – ова е изјавата на Градоначалничката Петровска, во обидот да го одбрани неодбранливото, вработувањето на родениот брат. Но, со се што фактички прави и неправи таа, се демантира самата себе. Оваа нејзина изјава и се врати како бумеранг, така што нејзината изјава од 10 ноември 2017, за долгот од 13,5 милиони евра на Општина Битола, беше демантирана од официјалните бројки во официјалниот документ завршна сметка, потпишана лично од неа. Всушност Петровска, се демантираше себе си. После сите овие лаги и невистини, навистина цело понатамошно делување на Наташа Петровска како градоначалник е доведено во прашање и пробудува оправдан сомнеж кај граѓаните на Битола, особено кај гласачите кои и ја дадоа довербата, само после изминати пет месеци.  Ова досега верувам, никој не може во светот да го сподели како искуство, не постои друг ваков пример, каде на математичар така лесно ќе му исчезнат ни помалку ни повеќе десет милиони евра, само во период од два месеца.

Лагата тешка 10 милиони евра, се покажа како преголем товар за Петровска, во обидот да дојде и да присуствува на Седницата на Советот на која се дискутираше завршната сметка.

Со товарот или лагата од 10 милиони евра сепак мораа да се соочат советниците на позицијата и тие самите заборавајќи на нејзините „мудри совети“ за внимателноста во изјавите, беа изложени на бумеранг ефектот и го почуствуваа на сопствената кожа. Бранителите“ на Градоначалничката во паника и конфузно, но крајно нестручно се обидуваа да застанат во нејзина одбрана, па така еден од советниците на позицијата вели дека тука се долговите на училиштата, друг дека тука се долговите на Јавните претпријатија, за трет тука да ги вброи наследени обврски по склучени договори.

Не ги лажете граѓаните, поголемиот дел разбираат можеби повеќе од Вас, а оние на кои не им е позната докрај оваа проблематика мора да ја знаат ВИСТИНАТА. Градоначалничката во информацијата на 10 ноември не кажуваше дека овие 13.5 милиони евра се обврски ниту на јавните претпријатија, ниту на училиштата, дека туку се доспеани обврски на Општината.

Вчера се усвојуваше завршната сметка на Општината, а не станува збор за успешна реализација на буџетот туку СОСТОЈБА НА 31.12.2017 ГОДИНА, нешто што се прави со попис кој беше организиран од Градоначалничката и требаше да ја отслика вистинската состојба таква каква што е. Еве дури и да им веруваме дека имале точен попис, а тој попис покажува разлика помеѓу искажаното на 10 ноември и 31.12.2017 година, разлика од 10 милиони евра. Каде отидоа??? Дали е ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА, прашањето треба да и биде упатено на Градоначалничката, бидејќи тоа и е професија, а на крајот на краиштата и најверојатно нејзин како прв математичар во градот. Никој од „бранителите“ не се обиде да даде одговор за кои обврски по судски постапки во тек станува збор и дали такви обврски се прикажуваат се додека не се веродостојни односно со правосилна пресуда.

ЈАВНОСТА прашува дали  раководењето со државните службеници во секторот за финансии му е доверено на лице блиско до Градоначалничката, а вработено преку Агенција за времени вработувања?

И се ќе им беше весело, како веселата математика на Наташа Петровска, доколку беа свесни дека сега кога се власт, се директно одговорни за функционирањето и работењето на Оштина Битола, ама со тоа никако и тешко се справуваат. Ова само уште еден од обидите Петровска да биде претставена како жртва, со цел да биде амнестирана од 30 илјади гласачи за нејзината неспособност, неработење и незнаење.

 

Иванчо Тошевски

Член на Советот на Општина Битола од редовите на ВМРО ДПМНЕ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here