Изборниот фалсификат во општина Карпош

632
0
SHARE

Со информацијата дека градоначалникот на општина Kарпош, 28 годишниот Стефан Богоев е на школа за партиски лидери во старт само го потврди сомнежот, кој ги намести изборите во Карпош и со чив изборен инженеринг се направи овој фалсификат.

Да потсетиме: Протестите во Карпош 4 и тогашниот референдум бешеподдржан и спонзориран од УСАИД, сите оние кои постојатно протестираа беа спонзорирани од истата оваа Американска агенција за развој, а круна на се беше серијата која се емитуваше на Канал 5 телевизија, директно во изборната кампања и насочеана кон тогашниот градоначалник.

Во изборниот фалсификат има сомнение дека покрај Американски експерти, како извршители биле вклучени и Државната Изборна Комисија и Полиестердеј(печатницата каде се изготвуваше изборниот материјал). Да потсетиме, за време на изборите беа најдени ливчиња од Карпош во Македонски Брод и Охрид , а за ова партијата ГРОМ поднесе кривична пријава против еден сторител, но јавноста сеуште не е запознаена дали за овој случај воопшто се води истражна постапка. Добро упатаните извори од ОЈО велат дека, штом се вмешани Американците, истрага нема да има.

Дека СДСМ-овскиот чадор постави луѓе сервилни према амрериканската политика покажува досегашната неинвентивност и отсуство на идеи токму во една од водечките општини како што е Карпош. Граѓаните револтирано додаваат, ни донесоа дете кое ништо не разбира и само се жали на претходниот градоначалник. Истите тие граѓани велат, дека со претходниот градоначалник имале одлична соработка и секогаш отворени врати, не им е јасно зошто запре реконструкцијата на фасадите, не се реконструраат крововите и не се поправаат лифтовите и зашто граѓаните постојано наидуваат на затворени врати во општината.

Очигледно Стефан Боговев тргнал по стапките на неговиот партиски колега Андреј Петров кој исто така милуваше многу да патува.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here