Изгаснат пожарот во фабриката за балистички ракети во Краснојарск

257
0
SHARE

Во фабриката за ракетна и вселенска опрема „Красмаш” во рускиот град Краснојарск, каде се произведуваат балистички ракети, е изгаснат пожарот, соопшти прес службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

“Пожарот е целосно изгаснат, соопштија од тоа министерство.”

Пожарот избил во складиште што го изнајмувала фирма за производство на фрижидери и зафатил околу 24.000 м/квадратни. Во пожарот нема жртви и не е зафатен делот каде се прават интерконтиненталните балистички ракети „Сармат” и балистички ракети што се лансираат од подрморници „Синева”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here