Изгледот на вашето лице ви кажува што го уништува вашето здравје

800
0
SHARE

Кожата е огледало на нашето здравје и слика на нашата исхрана. Нездравата храна и интолеранцијата на одредени производи се одговорни за појава на одредени кожни проблеми, особено на лицето.

Нигма Талиб, ценета натуропатска лекарка која ја презентирала следната инфографика, открива 4 типа на лице и нуспојавите кои се рефлектираат на него во зависност од намирниците кои му штетат на организмот.

Какво лице имате? Винско, шеќерно, глутенско или млечно?

Според знаците на лицето откријте кои намирници ви пречат:

Препознајте што ве уништува според изгледот на лицето: имате ли шеќерно, глутенско, млечно или винско лице? Како да дознаете дали вашето тело толерира алкохол, глутен, млеко или шеќер? Погледнете го вашето лице во огледало и спознајте го вашиот “непријател”.

  1. ВИНСКО ЛИЦЕ

СИМПТОМИ:

Изразени линии или масен сјај помеѓу веѓите кои се малку спуштени, изразени брчки и линии под очите, дехидрирана кожа која се лупи на образите, проширени пори, цвенкаст тон на кожата и видна поуеност и брчкање на кожата.

Што претставува винско лице?

Покрај фактот дека виното изобилува со шеќери – како и потенцијални пестициди, како и сулфати – исто така предизвикува дехидратација на кожата.

Телото ја губи водата, црниот дроб е оптеретен, се пореметува дигестијата , што доведува до збрчкана, неугледна и свисната кожа.

Редовното консумирање и претерување во виното може да доведе до патогени болести. Ако се прашувате која количина вино е безбедна за вашата кожа или како да се ослободите од симптомите, препораката е да паузирате најмалку три седмици.

По изминување на тој период, консумирајте вино во умерени количини, по 100 мл дневно, или помалку.

  1. ГЛУТЕНСКО ЛИЦЕ

СИМПТОМИ

Типични симптоми на лицата кои имаат интолеранција на глутен се потечени црвени образи, подуен изглед, пигментација и митесери на брадата.

Се претпоставува дека 15% од луѓето се чувствителни на глутен кој најлесно се забележува по потечениот изглед и воспалителните процеси во телото.

Што претставува глутенско лице?

Можеби постои втора причина поради која глутенот му штети на вашето тело. Додека релативно малку луѓе имаат целијакија – автоимуно заболување при кое имунитетот сам себе се напаѓа при внес на глутен, голем број на луѓе се само чувствителни на овој протеин.

Глутенот предизвикува пореметување на цревата и води кон воспалителни процеси.

Една таква реакција создава зголемена пигментација на клетките од кожата што доведува до појава на дамки и лош тен. Ако сте уморни од неизедначен тон, посебно на брадата, препорака е целосно да се ослободите од глутен.

  1. МЛЕЧНО ЛИЦЕ

СИМПТОМИ

Типични симптоми на млечно лице се потечени веѓи или цело подрачје околу очите, исто така, со изразени темни кругови под очите. Чести се митесерите по целото лице, бледи образи и изразени акни на брадата.

Што претставува млечно лице?

Додавање на екстра млеко во кафето или консумирање на уште топка сладолед е многу примамливо за некои лица, а истото може им наштети на тенот доколку им пречи лактозата.

Со стареење ги губиме ензимите со чија помош правилно се дигестира латозата. Тоа доведува до воспаленија во целото тело, вклучително и лицето кое може да изгледа уморно и црвено.

Ако ви се чини дека вашето лице изгледа уморно, а кожата сива и рапава, препорака е да се одвикнете од сите млечни производи на извесен период од неколку седмици, па да утврдите дали изгледот на лицето ќе ви се подобри.

  1. ШЕЌЕРНО ЛИЦЕ

СИМПТОМИ

Линии и брчки на челото, кесички под очите, масен сјај, цистични акни, испиен изглед, на делови рапава а на делови истенчување на кожата, сивкаст и блед тен.

Што претставува шеќерно лице?

Не е тајна дека консумирањето на многу шеќер, на редовна основа, може да предизвика долема штета во организамот, вишок килограми, промена во енергентскиот статус, да влијае на целокупното здравје, но и на кожата.

Шеќерот води кон гликација, процес во кој вишокот молекули од глукоза се врзуваат за колагенот, иксривувајќи го и правејќи го крут.

Ако сакате сјајна и мазна кожа а уморни сте од сите дамки и брчки, мора да го одбегнувате шеќерот. Одбегнувајте го и консумирајте го во исклучително мали количини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here