Изгубивме наместен натпревар, но првенството е пред нас

782
0
SHARE

Со спортски жаргон го пишувам ова за да го претставам пластично пред вас она што ни се случува во моментов.

Зошто го изгубивме натпреварот?

Затоа што тренерот е продаден и работи за противниците на клубот Македонија. Ја изгубивме утакмицата затоа што и играчите ни ги купиле противниците и тоа најголемиот дел. Судиите и делегатите се оние кои со задоволство го потикнале купувањето и продавањето.

Публиката малкубројна присутна на трибините на натпреварот навива за домашната екипа но огромен број останати навиваат од дома гледајќи на ТВ или на социјалните мрежи.
Ја изгубивме утакмицата со 3:0, ама да потенцирам изгубивме само една утакмица.

Првенството продолжува понатака, а ќе има уште многу утакмици.

Сега сакам да ви опишам со секојдневни зборови.

Тренерот на екипата Македонија е за жал нашиот моментален премиер Зоран Заев, играчите на уште поголема жалост се моменталните пратениците во Собранието на Република Македонија, судии на натпреварот се европските лидери кои даваат огромна подршка на тренерот, а делегати на натпреварот се преставници на Соединетите Американски Држави кои даваат огромна подршка на судиите, тренерот и на купените играчите.

Малубројната публиката на стадион се оние граѓани кој не се исплашени од притисоци и закани од прогон, они се храбри јавно да навиваат, од друга страна огромен број на навивачи се дома и навиваат но се исплашени за своите работни места или дел се разочарани од свој лични причини од политичарите, но и тие исто така не се согласуваат со нерамноправната состојба на терен.
Малубројните играчи непоткупени, сакаат победа но се ставени на клупата за резервни играчи или не се во можност да изградат напад и да постигнат гол на натпреварот бидејќи соиграчите кој земале пари не им даваат никаква шанса.

И сега се поставува прашањето што понатака ???

Една екипа, во нашиов случај Република Македонија, да има шанса да победи на следните натпревари, мора да направи промени и тоа:

-Под итно да се смени тренерот, да се донесе нов, непоткуплив кој ќе работи исклучиво за интересите на клубот, да му се дадат одврзани раце да ги избере играчите, кој мора да бидат лојални и посебно подготвени да се борат и да се изборат за победа.

-Потоа тренерот да бара да судат судии кој ќе бидат неутрални, а за дополнителна сигурност да побара супер арбитража од други неутрални судии. Но исто така е важно, можеби и најважно, делегатите на натпреварот да се од мешан состав, не само во нашиов случај да се од САД туку треба да побара делегати и од други влијателни земји кој ќе помогнат натпреварот да биде непристрасен.

Едниствено под вакви услови ќе имаме шанси за фер натпревар во кој можеме да победиме.
Првенствата вообичаено трааат долго време, исто како и процесот на градење стабилна и просперитетна држава, тоа е процес во кој се губат утакмици но и се добиваат.

Не треба да сме разочарани од загубата на еден натпревар, покрај тоа што сега моментално се наоѓаме на дното на табелата, да се разочараме па да се откажеме од клубот, во овој случај од нашата држава Македонија, туку напротив, треба да смогнеме сили и да се охрабриме бидејќи публиката е клучниот фактор за победа, да го подржиме новиот тренер со новиот тим.

Да излеземе масовно на стадион и сите во еден глас да извикаме Македонија, со нашето гласно бодрење да им дадеме крилја и енергија за да победат за нас, за да победуваме понатака за нашите поколенија, за нашите предци, за развој на нашата победничка Република Македонија.

Затоа сакам да ве охрабрам најмасовно да го поддржиме кандидатот или кандидатката за Претседател на Република Македонија, а кој воедно ќе биде заеднички поддржан од опозицијата и граѓаните.

Ајде да ја дадеме најмасовно до сега нашата поддршка на тренерот за да може да победиме заедно и да ги поразиме сите оние кои играат за туѓи интереси, а се потплатени да ги губат натпреварите.

Ајде да излеземе и да победиме, не со Бојкот на гласањето, за да не им дадеме шанса за кражба на гласови и уцени за понатамошни отстапки од националните интереси на нашата држава.

Ајде најмасовно да излеземе на изборите и да ги спречиме сценаријата за поделба и дестабилизација на Република Македонија.

Ајде да се обединиме сите и да ги победиме со 100:0, да победиме за Република Македонија

Крсте Петревски
Член на Извршниот Одбор на ГРОМ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here