Изменет сообраќаен режим на автопатот Градско-Неготино

257
0
SHARE

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, информира АМСМ.

Денеска ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Градско-Неготино за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март.

извор Макфакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here