Новиот лек за рак се развива во компанијата „Аселерејтед еволушн биотехнолоџис“, под водство на директорот Илан Морад.
“Веруваме дека за една година ќе можеме да понудиме комплетен лек за рак. Нашиот лек за рак ќе биде ефективен од првиот ден, ќе трае неколку недели и нема да има несакани ефекти или тие ќе бидат минимални, а и ќе чини помалку од другите лекови на пазарот” – истакна Дан Аридор, раководител на компанијата.
Лекот е наречен „МуТаТо“ и ќе користи комбинација од пептиди чија мета е ракот и токсини кои ќе ги убиваат клетките на ракот. Лекувањето ќе биде персонализирано и на пациентите ќе им се дава специфичен коктел од лекови, во зависност од типот на рак од кој се заболени.
пренесува Бука