Извиси Маленко, Нашков избран за нов претседател на Пливачката федерација

884
0
SHARE

Дарко Нашков е избран за претседател на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) на денешното Вонредно изборно Собрание што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Кандидатот на пливачкиот клуб „Челични“ од Штип, според Инцијативниот одбор (ИО), е избран со акламација за функцијата што есеноска ја презеде Александар Маленко.

Собранието го изгласа Мартин Стефановски за претседател на пливање, Кире Трендафилов е нов прв човек за пливање на отворени води, ватерполото во иднина ќе биде надлежност на Сашо Спировски, а едногласна доверба од делегатите доби и Управниот одбор во кој ќе членуваат: Наташа Мешковска, Александар Спирковски, Мустафа Рамадани, Милчо Верушевски, Сашо Тодоровски, Ернест Вацев и Катерина Стојановска, стои во дописот на ИО.

На Вонредното Собрание на ПФМ учествуваа 14 клуба со решение за дејност спорт издадено од Агенцијата за млади и спорт (АМС) од вкупно 25, а работата на делегатите ја надгледуваа и директорот на АМС, Дарко Каевски и Томче Андоновски од секторот спорт при АМС.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here