Денес, Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Република Македонија потпишаа Меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата – приматели на социјална помош .
„Потпишувањето на Меморандум со Комората на извршители е со единствена цел – да ги заштитиме правата на лицата кои се во социјален ризик со тоа што ќе спречиме да се блокираат нивните сметки“, изјави министерката Царовска.