Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи конгресот сепак да се одржи

726
0
SHARE

Членовите на извршниот ја отфрлиле иницијативата на 30-мина високи партиски членови кои бараа одложување на конгресот за февруари. Рокот за поднесување на кандидатури за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ истекува денеска во 15 часот.

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе се одржи утре и задутре во Валандово- одлука на Извршниот комитет на партијата. Конечната одлука ја има Централниот.

Вонредниот 16-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи. Извршниот комитет ја разгледувал информацијата околу подготовката на конгресот- пишува во партиското соопштение во кое се наведува дека не е прифатена иницијативата за одложување потпишана од видни партиски фунционери и таа нема да биде презентирана на Централниот комитет. Пред состанокот дел од потпишаните рекоа дека иницијативата е со цел да се направи кредибилен конгрес преку кој новиот претседател ќе ја добие легитимноста од сите членови.

„Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, без разлика кој и да биде, не треба да ја има хипотеката на претседател- марионета. Затоа сметаме дека сите можни недостатоци или сомнежи треба да се отстранат, пред да се одржи конгрес на кој поширокото членство би дало еден свој суверен избор“, изјави Антонијо Милошоски.

„Не станува збор за персонални несогласувања во овој случај, стнаува збор веројатно за различно гледање на концептите коит реба да ја движат партијата и во овој период, но и во иднина“, рече Илија Димовски.

Како и Димовски, кој објави дека нема да поднесе кандидатура дури и да се одложи конгресот, и екс- министерот Никола Попоски тоа нема да го стори, бидејќи се повлече од сите партиски функции.

Груевски во меѓувреме објави подолг Фејсбук статус во кој вели дека иако може, не се меша и нема да застане зад било која кандидатура. Сега топката е кај Централниот комитет кој одлуката за одржување вонреден конгрес може да ја отповика, ако за тоа гласаат две третини од членовите.

Инаку, Извршниот комитет на состанокот одлучил партијата да продолжи со активностите со кои ќе го привлекува вниманието и на меѓународната јавност за, како што стои во дописот, недемократското и репресевно однесување на власта и злоупотребата на институциите. Ваквите акти не водат кон нормализирање на политичката состојба во земјата и излез од актуелната криза велат во ВМРО- ДПМНЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here