Јака им душа на припадниците на МВР под Оливер Спасовски, сведоци тврдат сосема спортивно од изјавата на полицискиот припадник Јасмина Јаначковска

590
0
SHARE

Не стивнуваат реакциите по нападот врз полицискиот службеник Јаначковска од страна на функционерот на ДУИ, Бекир Асани.

Сведоци до редакцијата на Инфоњуз тврдат дека полицискиот службеник кој вчера беше нападанат од страна на чаирскиот паша на ДУИ, Бекир Асани, се лажни и дека Јаначковска е исплашена и уценета.

Според нивните сведоштва, единственото што се поистоветува со изјавата на Јаначковска е дека е повредена на левата рака, бидејќи како што велат тие, посоченото лице првично ја удрило со десната рака, а потоа и ја зграбил за лавата рака по што ја бутнал према пајак возилото при што полицискиот службеник паднал на земја.

Друг сведок тврди дека додека полицискиот службеник бил на земја, посоченото лице се обидел да го удри, за среќа тогаш биле присутни други лица припадници на МВР и спречиле понатамошна физичка пресметка.

Според изјавата на Јаначковска, таа во официјалниот извештај го пишала следното:

„Според процедурата, возилата ги  фотографиравме, и започнавме со нивно подигање. Во тој момент пристапи едно непознато лице за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници. Со лицето Б.А. Имав само вербална расправија, меѓутоа при повлекување од местото на настанот се удрив со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не се здобив со посериозна повреда“ – изјави Јасмина Јаначковска.

За тврдењата на сведоците на инфоњуз, од МВР велат дека доколку имаат поинакви сознанија, тие веднаш треба да ги пријават во полиција. Бекир Асани кој заработи прекршочна пријава, денеска беше недостапен за коментар. Но, разврската на инцидентот ја бранува јавноста. Крики се упатени дека секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго.

„При било кој напад врз полицијата мора да се реагира строго, доколку ако таков напад доаѓа од висок партиски функционер и за таков напад кривично се одговара.“ – вели Мирјана Најчевска.

МВР против Асани поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и  мир, за што максимална казна е парична од 500 до 800 евра.  Претходно, МВР има регистрирано неколку инциденти во кои учествувал Асани. Едниот напад беше во собрание пред камери, кога Асани му удри шлаканица на новинарот Дулови. Министерството го сомничи и за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел.

Хелсиншки комитет исто така реагираше за случајот и посочи дека лицето Б.А. треба да се гони за напад врз службено лице, а не за нарушување на јавниот ред и мир, затоа што и вербалниот напад е напад врз службено лице.

П.С.

Местото на настанот е покриено со безбедностни камери кои се наоѓаат на самата раскрсница кај трговскиот центар Мавровка, како и со безбедносни камери од локали и правни лица кои се наоѓаат во трговскиот центар Мавровка. МВР доколку сака навистина да го расчисти случајот може да ги земе во предвид

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here