Јакимовски: ДИК го упати Заев на друга адреса, а ДУИ го потсети кој го донесе на власт

346
0
SHARE

Кога Заев се закануваше дека ќе оди на избори без разлика дали ќе учествува опозицијата или не, знаев дека Дерковски ќе изненади во 90-та минута така и се случи. Два дена не им крева телефон а сега ги препрати на друг шалтер, кај Талат Џафери. Талат пак ги упати на заеднички договор. Дека Дерковски е адут на опозицијата бев сигурен, не затоа што сум многу паметен туку затоа што имам бајаги годинки, а и тешко заборавам.

Што не сум заборавил?

Се сеќавате кога претседател на ДИК беше Сашо Новаковски предложен од СДСМ? Нели тој си даде оставка пред изборите не сум сигурен но чинам беше 2011 или 2013 година . Оставка си поднесе и вториот член во ДИК од СДСМ Тања Алтанџиева. Оставката од претседател и член на ДИК ја дадоа од тактички причини а по налог на претседателството на СДСМ и Бранко Црвенковски. Се сеќавате ли кога Бранко Црвенковски на митинг пред собрание викаше: Ајде Никола на избори! Никола ајде на избори! А потоа ги натера овие двајца да си дадат оставка за да ги пролонгира изборите. Претходно од исти тактички причини од ДИК си поднесе оставка колку што се сеќавам и Борис Кондарко. Значи секогаш како опозиција СДСМ пред избори правел финти. Е сега на ред е и другата опозиција да му покаже на Заев дека власта не може се.

Талат и ДУИ играат иста игра како онаа што ја играа со ВМРО ДПМНЕ пред Пржинскиот договор. Ахмети тогаш запрети дека ќе ја напушти владата ако нема договор во Пржино а пак Тачи изјави дека ДПА нема да влезе во влада доколку ДУИ излезе. Значи го ставија Груевски во мат позиција, а за да направи сам влада без ДУИ му фалеше само еден пратеник. Потоа во 2016 година на 24 април беа закажани парламентарните избори и СДСМ ги бојкотираше зошто наводно избирачкиот список не бил чист а ДУИ изјави дека не оди на избори без опозиција. Потоа избори беа закажани на 5 јуни и повторно бојкот од СДСМ, а ДУИ не сакаше да оди на избори ако не одат сите партии. Значи Ахмети и неговата партија на Груевски му забија клинец во гумата иако добро соработуваа во владата.

Не знам што очекува Заев и СДСМ од ДУИ во ваква ситуација кога веќе се гледаат низ нишан. СДСМ направи коалиција со БЕСА а на Ахмети му порачаа дека би било многу здраво за него да оди во опозиција.

Дури сега сезнајкото од Струмица ќе дознае „како муса дере јарца“, односно сега ДУИ ќе му врати со сета жестина. Веќе му врати преку Уставниот суд со поништување на уредбите на владата, со одлуката да не може собранието да се свика повторно а еве сега почнуваат да го печат на тивко со датумот за избори. Затоа денес Талат ги упати на консензус. Односно повторно ДУИ става до знаење дека ни една крупна одлука не може да се донесе без нив. Ако во 2015, 2016 и 2017 година по изборот на малцинската влада го закопаа Никола Груевски сега ДУИ истото ќе му го направи и на Заев, зошто има помалку причини за обзири кон СДСМ во однос на ВМРО ДПМНЕ.

Кога Заев се закануваше дека ќе оди на избори без разлика дали ќе учествува опозицијата или не, знаев дека Дерковски ќе…

Posted by Stevco Jakimovski on Sunday, June 14, 2020

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here