ЈАКИМОВСКИ НАПАДНАТ ОД СОВЕТНИК НА ЗАЕВ: Стевчо Јакимовски нападнат од член на „кабинетот на Заев“

385
0
SHARE

Вчера претпладене, екс-градоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски бил нападнат од страна на пет лица кои се заканувале дека „ќе го убијат“, а потоа почнале да бегаат

Како што дознаваме од лица присутни на настанот, инцидентот се случил пред пансионот „Ања“ наспроти ТЦ „Беверли Хилс“.

Според сведоштво на очевидец, Јакимовски бил со уште двајца свои пријатели, а оние кои сакале физички да се пресметаат со екс-градоначалникот биле петмина.

Како што информираат сведоците на настанот, Јакимовски ги изненадил напаѓачите со спремноста физички да се пресмета откако тргнал да им се спротивстави, за на крајот напаѓачите да бараат помош.

Сведокот кој бил присутен на настанот тврди дека еден од напаѓачите, кога се јавил на телефон барајќи помош, гласно се претставил дека е од „кабинетот на премиерот Заев“.

Настанот е пријавен во полиција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here