Јани Бојаџи: На која страна од мојот свет е Нов Зеланд?

338
0
SHARE

Во својот пост на ФБ објави емотивен текст.

Да ми кажеше некој пред само дваесетина дена, покрај се што ми се случи во последната година дека ќе си го поставам и ова прашање, ќе го сметав за “ругање“ не со Христос – туку со мене лично! На која страна од мојот свет е Нов Зеланд? Не, не, не е ова додворување со мојата публика која знам дека со нетрпение ме очекува во Оукланд на 3 ти Февруари, туку обид за одговор на прашањето кое си го самопоставив малку погоре.

Има тука нешто многу чудно и неразбирливо како тоа, нешто што до завчера било толку далеку од вас, што сте го сметале дури и за незамислива страна на светот, одеднаш тоа место и таа страна да станат толку блиски, толку реални и толку замисливи! Дали е тоа физичката близина? Јас сум сега во Австралија а Нов Зеланд е “next door to“ држава на картата на светот за мене позната од мојата младост преку рок групата Man at Work и песната Down Under. (Патем, драги мои Македонски Новозеландци конечно утврдив за што зборува оној за мене цел живот неразбран стих од песната “He just smiled and gave me a vegemite sandwich“!

Претпоставувам дека и вие, таму во Новиот Зеланд имате некој неопевлив вкусен Vegamite за јадење?!) Дали е тоа фактот дека во рацете држам авионски билети и пребарувам страници кои кажуваат какво е таму времетo за да знам каде одам и што треба да спакувам во куферот? Или можеби се работи за мое, сосема изгубено чувство за простор и време? Не, во прашање е нешто сосема друго? На која страна од мојот свет е Оукланд во Нов Зеланд? На страната на Ана, на страната на Гоце, на страната на Сречко, на страната на Жан и на страната на сите оние други за мене непознати луѓе во моментот кога ми јавија дека ете, решиле, да го донесат нашиот филм “Ругање со Христос“ кај нив, дома! Ете тие определија на која страна од мојот свет е Нов Зеланд! На нашата страна од светот е Нов Зеланд, драги мои? Понекогаш погрешно поставено прашање може да произведе и погрешен одговор? Јас, веќе немам право, кога се работи за филмот “Ругање со Христос“ да ги персонализирам работите како да се работи за мене лично! Ете, тоа е така. Тој филм веќе не е мој. Тој филм станал наш. Мене, не е фер, ама е навистина, никој не ми јави за тоа! Никој не ми кажа дека филмот си го живее својот, одделен од мене живот и дека тој не е повеќе на мојата страна на светот, туку на вашите страни на светот! Тие прекрасни луѓе, без јас да знам, без да ме прашат, седнале, разговарале и решиле во Оукланд, во Нов Зелан замислете, да си го донесат филмот, кој природно го сметаат за свој! Ете, ви благодарам драги мои Ново Зеландци за тоа што потврдивте дека од сите теории за тоа кој и што е режисерот, теоријата на покојниот Владе Цветановски дека “режисерот е слуга на настанот“ е најточна! И еве пак? На која страна од мојот свет е Нов Зеланд? Го знам одговорот драги мои! На нашата страна! Толку блиска до мене, до тебе, до сите нас! Нов Зеланд е на нашата страна од нашиот живот кој го живееме заедно додека исправени пред подвижните слики на уметноста на филмот споделуваме радост, тага, смеење и солзи!

Да, ви ветувам, на 3 ти Февруари, во Оукланд Нов Зеланд, нашиот филм “Ругање со Христос“ ќе ве направи, да, само за еден, ама многу важен момент – да бидеме сите на нашата страна каде што заедно и ќе се смееме и заедно ќе плачеме!

Оти, таа наша страна во Нов Зеланд драги мои, е страната на животот. А животот, како што вели во нашиот филм прекрсната Јоана Поповска како Султана, животот е: “вој ден смеење а утре плаќајње“! Ви благодрам бескрајно драги мои Новозеландци што направивте да ги разберам сите страни на светот! До скоро видување на нашата страна од светот!

На која страна од мојот свет е Нов Зеланд? Да ми кажеше некој пред само дваесетина дена, покрај се што ми се случи во…

Posted by Jani Bojadzi on Tuesday, January 29, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here