Јавното претпријатие за државни патишта не ги продолжи договорите на 55 работници, а објави оглас за нови 93 вработувања

620
0
SHARE

Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за 93 вработувања, главно за работници за наплата на патарините низ Македонија.

Огласот се распишува во време кога се зборува за превработеност во администрацијата и јавните претпријатија, но првиот човек на јавното претпријатие, Зоран Китанов, вели дека патарините практично останале без луѓе затоа што дури на 55 од нив им истекнале договорите на дело кои биле склучени заклучно со 31.12.2017 година.

– Претходното раководство склучило договори на дело иако такви вработувања не треба да постојат. Спротивно на законот би било, автоматски да ги продолжиме договорите на дело. Конкурс мора да има. Од друга страна, бев оневозможен навреме да распишам конкурсот поради пропуст на претходното раководство. Па затоа сега се јавува еден вакуум период до новите вработувања и има голем работен притисок врз луѓето кои работат на патарини. Затоа и конкурсот е отворен само 5 дена и се однесува за времени вработувања од 6 месеци. За трајните вработувања треба подолги рокови. Пролетва ќе распишеме нормален конкурс со нормални рокови. – вели Китанов.

Китанов објаснува и дека 18 вработувања се за контролен пункт кај Неготино.

– Без таков пункт не смее во употреба да се пушти автопатот. Тоа е барање и од Европската унија – објаснува Китанов.

Според огласот, се бараат 74 инкасатори за наплата на патарините со основна плата од 19.700 денари. Но се работи во смени од по 12 часа, за време на празници и во недели. Секако, работната недела е 40 часа.

Се бара и хигиеничар и еден портир со нето-плати од 16.846 денари.

Раководителот на контролниот пункт во Неготино ќе зема основна плата од 35.776 денари и тој ќе има 4 советници со плати од по 33.540 денари. На овој контролен пункт ќе бидат вработени и 8 референти на две позиции, една со основна плата од 20.800 денари, а друга со 19.760 денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here