Јошка Броз открива: Што му признал ТИТО која е неговата најголема грешка

450
0
SHARE

По операцијата го прашав ТИТО која му е најголемата грешка.

“Тоа што го одобрив уставот од 1974 г. Десет дена стоеше на сток кај мене. Тој устав беше почеток на крајот на Југославија, партијата и на републиките”.

Тој не сакал да го потпише тој устав. На моето прашање зашто не ставил Вето, ТИТО ми одговори:

“Јас како демократ не сакав да бидам надгласан во Собранието,a можев да ставам Вето… Грешка ми беше што не ставив”, кажа Јошка Броз на Тв Хепи и продолжи:

Мика Шпиљак и Киро Глигоров го потпишаа уставот а целата приказна ја истуркаа Кардељ и Стево Крајачиќ.
Стево Крајачиќ е човек кој работеше од сенка, тој го намести Ранковиќ и многу други. Успеа и ТИТО да го искара со најблиските луѓе, а еве како.

Ќе дојде кај Ранковиќ и ке му каже:
“Слушај ќе треба на страиот да му поставиме некои уреди… Години се во прашање, знаеш да не му се случи нешто а ниде да не видиме… Едноставно да имаме контрола”.

И после тоа Ранковиќ е сменет, а тие уреди се поставени и во тоалетот… Ранковиќ еден лош збор немаше кажано за дедо ми. Они беа кумови и после смената останаа верни еден на друг бидејќи двајцата ја знаеа позадината на ова. Тоа мене и Ранковиќ ми го кажа.

За погребот на ТИТО

Приказните дека не е погребан во Куќата на цвеќето и дека не починал на 4-ти Мај туку два месеци порано се глупости. Дедо ми умре тоа утро на 4-ти Мај. На трети Мај вечерта му проработеа очните капаци. Почнаа да се мрдаат, ги прашав докторите што значи тоа и ми објаснија дека тоа се последни реакции.

Утредента сабајле почина. Немојте сега некој да ми зборува некои други глупости.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here