Јовановиќ си заминува од Финансии: Задоволен сум од зголемените даноци

321
0
SHARE

Советникот на министерот Драган Тевдовски Бранимир Јовановиќ си заминува од Министерството за финансии. Тој се огласи и на фејсбул каде ја образложи неговата одлука.

“По скоро две години, се повлекувам од Министерството за финансии. Одлукава ја донесов уште пред некое време, но не сакав да ја објавам додека не поминат изборите. Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг.

Кратко кажано – ги средивме државните финансии. Сега е време да им се посветам на нештата кои ги запоставив овој период – семејството, блиските, нештата кои ги сакам” – напиша Јовановиќ на Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here