Јовановска: Невработените ниту сакаат да работат ниту бараат работа

511
0
SHARE

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, на денешната прес-конференцијата, одговарајќи на новинарско прашање, потврди дека се согласува со ставот на Светската банка дека дел од македонското население ниту сака да работи ниту бара работа.

Таа истакна дека многумина од лицата што се пријавени како невработени не доаѓаат на интервју за работа кога ќе бидат повикани од страна на Агенцијата за вработување или работодавецот.

Јовановска информира дека моментно во државата бројката на невработени лица изнесува околу 190 илјади.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here