ЈСП СО СООПШТЕНИЕ: Поради корона вирусот дополнително ќе ги дезинфецира автобусите и жичарницата

549
0
SHARE

ЈСП Скопје денеска ќе почне со дополнителна (вонредна) дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на Жичарницата, соопштија од јавното претпријатие.

 „Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10 осто, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично„ се вели во соопштението на ЈСП.

ЈСП Скопје одлучи да почне да ја спроведува дополнителната (вонредна) дезинфекција како мерка за заштита од коронавирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат Жичарницата.

Дополнителната дезинфекција ќе се врши секојдневно, се до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот.

Инаку, внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега, велат од ЈСП.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here