Каде исчезна достоинството на Достоинство?

1452
0
SHARE

Партијата настанала и произлегла од истоименото здружение кое се залагало за правата на бранителите – учесници во Воениот конфликт во Македонија во 2001. Овие заложби за правата на бранителите биле целосно преточени и во политичката програма и платформа на партијата, заедно со остантите заложби за Македонија и Македонците кои произлегуваат од патриотската родољубива („десничарска“) определба и ориентација што во прв ред подразбира спротиставување и одбрана од големоалбанскиот екстремизам и големодржавните националистички идеи на соседите, зачувување на името и прекин на преговорите со Грција.

Овој текст стои на официјалниот профил на Википедија на политичкиот субјект, Достоинство на Стојанче Ангелов.

Впрочем, Достоинство е македонска политичка партија основана на 20 март 2011 година со седиште во Скопје. Во претходниот период ова движење или организација настапуваше како здружение на граѓани кое ги застапуваше исклучиво интересите на бранителите кои учествуваа во Воениот конфликт во 2001 година. Преку јавни дебати и прогласи Стојанче Ангелов достоинствено и ги бранеше интересите на бранителите, но и на Република Македонија, особено околу прашањето за името. Граѓаните и ден денес се сеќаваат на тензичните дебати со Талат Џафери, Абедин Зимбери, Артан Груби, Назим Рашиди и ред други, кога тој јавно ги напаѓаше и дебатирише за нивните криминогени и анти-државни активности за време на конфликтот и нивното имплементирање во државните институции и министерства. Стојанче Ангелов и Достоинство беа едни од најгласните противници за назначувањето на Талат Џафери за Министер за Одбрана во тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, како и други Албански истакнати учесници во вениот конфликт кои и ден денес јавно се прокламираат како застапници на интересите на УЧК, ОНА и Албанското прашање.

Тој редовно ја потсетуваше јавноста за немлите настани од Воениот конфликт во 2001 година, ги славеше деновите на паднатите бранители.

На официјалниот профил на Достоинство на социјалната мрежа Фејсбук ако хронолошки се следат објавите може да се забележи и да се дојде до заклучок дека по неговото повторно вработување во МВР и на неговоата сопруга, со која патем се вели дека делат и иста канценалирија, повеќе не се пишува за Македонските Бранители. Од август 2017та година па до ден денес, Достоинство изразува максимална поддршка за Зоран Заев и неговите политики, како внатрешни така и надворешни, кои патем се косат апсолутно со ставовите и темелите на идеологијата на оваа партија. Последната објава е во контекст на попусливоста на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, кон албанскиот политички фактор кој патем произлегува од УЧК и АНА е споделен во март 2017та година, три месеци по вонредните парламентарни избори во Декември 2016та година.

Да се знае!

Posted by Достоинство on Sunday, March 5, 2017

На овие избори Достоинство и Стојанче Ангелов настапија во коалицијата ВМРО за Македонија, заедно со ВМРО Народна на Љубчо Ѓоргиевски и Обединети за Македонија на Љубе Бошковски освоија нешто над 24.000 гласови, но не успеа да освојат ниту еден пратенички мандат во Парламентот на Република Македонија.

Настрана од основната кауза на Достоинство околу застапувањето на Бранителите на Република Македонија особено од Воениот конфликт 2001ва година, околу прашањето за името, овој партиски субјект има цврст став (барем така пишува на Википедија) дека преговорите за името со Грција треба да се прекинат и дека не постои друго име освен Република Македонија.

Според актуелната политика на сегашната влада на Зоран Заев, се водат две клучни прашања, а тоа се преговорите за името со Грција и Законот за употреба на јазиците, поточно имплементацијата на Албанскиот јазик како втор службен јазик во земјата. Повеќе од јасно е дека она што како став и идеологија го застапувале до сега, Стојанче Ангелов и Достоинство, е апсолутно дијаметрално од политиката и ставовите на СДСМ и Зоран Заев. Но тоа не претставуваше проблем за Стојанче да се јави и одговори на повикот од Оливер Спасовски и Зоран Заев, за негово враќање на работа во МВР.

Трета точка на кое би посветиле внимание е логото на партијата.

Ако добро ги запазите елементите кои се имплентирани на логото на Достоинство ќе забележиме дека има присуство на Античко-Македонски симболи. Три копја кои се симбол на Македонската Фаланга на Античка Македонија, како и штитот на кој јасно се гледа Сонцето на Виргина исто така мотив од Античка Македонија.

Како трансверзала на ова ќе ја напоменеме политиката и ставот на СДСМ. Повеќе од јасно е дека СДСМ во интерес на преговорите со Грција се дистанцира и негира поврзаност на античка и денешна Македонија, впорчем се преименуваа автопатот и аеродромот кои го носеа името на Александар Велики, а ни претстојат и други активности кои самите функционери, експерти и поддржувачи на СДСМ ги најавуваат.

Од септември месец 2017та година(по вработувањето на Стојанче и сопругата во МВР)па до ден денес, Стојанче Ангелов и Достоинство, споделуваат фотографии со Зоран Заев и отворено ја поддржуваат политиката на СДСМ, која не само што е спортивна на нивниот партиски и иделошки став, туку е апсолутно ништовна.

Достоинство не излезе ниту со став за протестите организирани од страна на СеМакедонскиот Конгрес за преговорите за името со Грција.

Како стојат работите и фактичката состојба, достоинството на Достоинство и Стојанче Ангелов, исчезна некаде низ кабинетите во МВР по неговото вработување.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here