Камата од еден милион евра годишно до 2048ма со последното задолжување на Владата на Заев

441
0
SHARE

Секоја година до 2048-та ќе плаќаме по 941.750 евра камата на оваа позајмица, нека е со среќа

Првата 30 годишна државна обврзница со која Министерството за финансии позајми 1,2 милијарди денари односно 19,42 милиони евра ќе ги чини македонските граѓани – даночни обврзници 28,25 милиони евра односно 1,746 милијарди денари кои 30 години ќе ги враќаме за камата на 30 годишната државна обврзница.

Оваа обврзница беше издадена на 24 април 2018 година со аукциски код DO2018/11-0448дк. На аукцијата на која Министерството за финансии позајми 1,2 милијарди денари со годишна каматна стапка од 4,85 отсто. На аукцијата имаше огормен интерес и вкупниот износ на понуди беше 2,27 милијарди денари.

Интересот на инвеститорите е многу логичен кога ќе се пресмета износот на камата на годишно ниво изнесува 58,2 милиони денари односно 941.750 евра!

Ова е првата 30 годишна државна обврзница што ја издаде Република Македонија.

Вкупната изложеност на државата по основ на државните обврзници и записи заклучно со 7 јуни годинава (последна состојба) изнесува 94,193 милијарди денари односно над 1,5 милијарди евра. Во структурата на обврзници најголемо е учеството на едногодишните записи со 37,18 милијарди денари, потоа следува 15 годишната обврзница и тоа изнесува 26,06 милијарди денари. Потоа следува 5 годишната обврзница со 8,73 милијарди денари, 10 годишната обврзница со 8,48 милијарди денари и останатите, а двегодишната изнесува 8,33 милијарди денари. Целата структура може да ја видите на сајтот на Министерството за финансии на табот „Реализирани аукции на ДХВ“.

Извор: Фактор.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here