Тројцата осомничени во случајот „Империја“ на СЈО, Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, се ослободени од куќен притвор со одлука на Врховниот суд кој ги прифатил нивните жалби за одлуката на Апелација со која тие претходно добија куќниот притвор.
Според нашите информации, одлуката била донесена денеска, а се очекува во текот на денот да има и официјална потврда од судот.