Каменос: Нашите тенкови ќе го прегазат Скопје за 20 минути!

284
0
SHARE

Една единица оклопни возила за 20 минути ќе стигне до границата со Србија, вели поранешниот грчки министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, во интервјуто за локалната телевизија „ТРТ“.

Не чувствуваме закана. Ниту Албанија може да и се закани на Грција, ниту Скопје. Скопје е 20 минути работа. Ако една единица оклопни возила реши да помине, стигнува до крајот на Скопје, ќе стигне до Србија. Одбранбено не нѐ засегаше никогаш, рече Каменос.

Каменос исто рече дека се чувствува измамен од премиерот Ципрас, кој требало да го донесе договорот за името во грчкиот парламент кон март.

Тој јавно се декларираше дека е голем противник на преспанскиот договор, но истиот ден кога се гласаше во парламентот за негоа протекоа снимки како слави со бузуки во некој грчки локал. Се е фарса коментираа тогаш на социјалните мрежи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here