Ја уредија велосипедската патека, а заборавија да направат уште еден тротоар за пешаците.
Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов одржаа прес конференција во врска со уредувањето на овој дел од велосипедската патека.
Богоев вели граѓаните нека поминуваат од другата страна, но од другата страна на улицата има зеленило и паркирани автомобили на тротоар кој е оштетен.