Каснат платите во основните училишта и градинките само во општина Карпош?

479
0
SHARE

Утрово во редакцијата на Инфоњуз пристигнаа реакции од просветни работници од две основни училишта од Карпош. Кои тврдат дека платата постојано им касни.

Со оглед на притисокот и масовните отпуштања во овој сектор, просеветните работници побараа да бидат анонимни за да не бидат изложени на дополнителни притисоци, евентуални санкции или други драстични мерки кои би можеле да им на нештетат лично.

Во свота реакција тие истакнуваат дека по со смената на локалната власт во општината платите постојано им каснат.

“Платата и овој месец ќе касни. Имам чуство како да работам во некоја, мала приватна компанија со крајно несериозен менџмент, а не во образовна установа. Оставени сме буквално сами на себе, а ако се побуниш се знае што ти следува. Имам колеги и колешки од други основни училишта од Скопје, нив платата не им доцни. Овој месец сите земале плата во понеделникот на 12ти, освен ние, а како стојат работите не знаеме дали ќе земеме и наредната недела. И ние сме луѓе и имаме обврски. Не знам што е причината со доцнењето на платите и зашто тоа се случува само во општина Карпош. Се надевам ќе ни излезете во пресрет и ќе го поставите ова прашање во наше име. Однапред ви благодарам”

Во другата реакција пишува:

“Здраво Инфоњуз, ве пратам и гледам дека будно ги следите настаните и случувањата во општина Карпош. Јас сум вработена во градинка во општина Карпош, неможам да посочам точно во која, се надевам дека ќе ме разберете. Мојата плата не е воопшто висока, но исто така и воопшто не е редовна. Не знам која е причината, но платите постојано каснат само во Карпош. Мојот сопруг работи во основно училиште во Аеродром, неговата плата е редовна во рамките на дозволеното. Се случува кај него да закасни два до пет дена, но кај нас се касни и по 20тина дена. Си имам режиски трошоци, особено сега во зимскиот период кога сите сметки ни се драстично повисоки. Овие трошоци не можат да чекаат 20тина дена. Не знам која е причината, зошто со плати се касни само во Карпош, сите колеги и колешки се револтирани, но молчат за да не настрадаат. Ве замолувам да го поставите ова прашање јавно во името на сите вработени во градинките и основните училишта во Карпош”.

Во интерес на нашите читатели го поставуваме прашањето. Зашто се доцни со платите во општина Карпош

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here