Дел од бомбите што ги објавува лицето А.Ш. кој стои зад Фејсбук профилот „Ел Чека“ се дел од оние што ги поседува СЈО.
Тоа го анализираат информатичарите, има нешто што е детектирано кај нас, а дел не. Така да се уште бараме по тие разговори. Има дел од „бомбите“ кои ги имаме и ние.
Во овој момент не може да гарантираме дека тие не се од кај нас, бидејќи се истражува – вели Јанева. Од ова обвинителство засега немаат објаснување за тоа како лицето кое ги објавува ги добило прислушуваните материјали.
Ел Чека предупреди дека ќе има уште „пострашни бомби“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво насеље, како што ветуваше ДУИ.
Според него, бомбите ги добил од „Кумановската група“, чии членови се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.